Спасовски: Акцијата во Арачиново беше сложена, истрагата е проширена

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се осврна на полициската акција во Арачиново каде беше најдена голема количина на марихуана.

Тој упати порака кон новинарите, да не се наштетува на истрагата преку медиумите и повика на трпеливост во интерес на целиот процес.

„Сложена беше акција во Арачиново. Истрагата се уште трае и има нејзино проширување. Сите детали ќе бидат соопштени во моментот кога нема да се наштети на истрагата. За сите лица кои се во оваа истрага ќе се бара притвор. Да не наштетуваме на истрагата преку медиумите, да бидеме трпеливи“, истакна Спасовски.

Поврзани новости