Спасовски: Ако се воведе вонредна состојба, не значи дека граѓаните треба денеска да се упатат кон маркетите

by Fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска од владата објаснуваше за мерките кои ќе се преземат доколку во земјата се прогласи вонредна состојба.

Тој додаде дека Македонија има доволни количества на храна, лекови и стоки за да се преброди оваа ситуација со корона вирусот.

„Доколку се воведе вонредна состојба, ќе има ригорозни казни и поголема ефикасност во вршење на контролата. Сите служби ќе бидат максимално ангажирани на терен. Веќе во текот на утрешниот ден ќе ги имаме првите одлуки на седница на влада. Тоа не значи дека денеска граѓаните треба да се упатат кон маркетите. Носење на таква одлука е само да се заштити нашата нација и држава“, рече Спасовски.

Поврзани новости