Спасов: Петков политички провоцира!

by Fokus

Професорот Ѓорѓи Спасов денеска се огласи преку социјалните мрежи по повод посетата на Петков во Битола за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ Како што додава тој, бугарскиот премиер провоцира.

„Не можеше Петков да избере полош лик од Михајлов и подобра бугарска делегација во која се Каракачанов и Захариева, за политичка провокација па и омаловажување на сите напори за приближување кон ЕУ што ги прави Македонија. Мораше некој официјално да го извести дека ние и тоа можеме да го поднесеме но не е начин за помирување. Ако треба антифашистот Тито да го заборавиме а фашистот Михајлов да го славиме како услов за влез во ЕУ и за кревањето на ветото од Бугарија тоа вистина ќе потрае или никогаш нема да се случи.

Сега е ред официјална делегација од Македонија со претставниците на ОМО илинден на 20 ти април да отиде на гробот на Јане Сандански на Пирин и да отвори клуб на Македонците во Сандански кој ќе биде мост во соработката меѓу двете земји.Само за да се тестира бугарската и европска толеранција“, вели Спасов.

 

Поврзани новости