Спасов: Дипломатијата и досега ни беше зелена

by fokus

Ѓорѓи Спасов, поранешен македонски амбасадор и министер, реагира кон иницијативата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за “зелена дипломатија”.

“Имавме зелени политичари. Зелени партии. Зелени униформи. Зелен пазар. Партии што се префарбаа во зелено. Луѓе што кинат зелени. Оние што тресат зелени. Луѓе што позеленуваат од бес. Оние што зелени се раѓаат и никогаш не созреваат. Коњ Зеленко. Зелени, недозреани идеи и многу други зелени мисли, луѓе и работи. А сега официјално ќе имаме и зелена дипломатија. Рака на срце и до сега дипломатијата ни беше прилично зелена, само што ние така не ја викавме, а сите други за таква ја сметаа”, напиша Спасов на фејсбук.

Поврзани новости