1K
Универзитетски професор Петар Атанасов во гостувањето во Утрински брифинг смет дека нема промени кај луѓето на СДСМ. Исто така тој вели дека очекува Ковачевски да биде следниот лидер на СДСМ и иден премиер.
„Луѓето во СДСМ не се променија. Демагошките говори повеќе не поминуваат. Спасот на Македонија е трета политичка сила која ќе прерасне во политичка партија што ќе понуди реални промени веднаш по доаѓањето на власт. Ниедна партија досега не успеа да стане трета“, вели Атанасов.