Спасивме жена и две деца од куќа чиј кров гореше, раскажува хрватски пожарникар

by Fokus

Уморниот пожарникар Марио Јозиќ застана за воздух откако тој и неговите колеги спасија жена и деца од куќа опкружена со оган. Тоа беа туристи, Чеси и Словаци. За жал, нивните автомобили беа целосно изгорени, пишува „24 сата.хр“.

Пожарот бил страшен и се уште гори, но понатаму кон Примоште. Во Гребаштица ситуацијата горе-долу е под контрола. И беше – спаси се ако можеш. Кампот бил во пламен, а некои луѓе се спасувале во костими за капење, а една куќа буквално во последен момент ја спасил Канаѓанец.

Доколку пожарникарите не беа брзи и несебични, штетата ќе беше далеку, многу поголема.

„Децата плачеа, жените беа во шок. Ни се јави сопственикот на станот кој не беше дома и не замоли да одиме таму, очигледно не се осмелиле да излезат од дома. Ако сте виделе фотографии од запалени автомобили во Гребаштица, тоа се нивните автомобили “, вели Марио, кој е професионален пожарникар за „24 сата.хр“

„Дојдовме во нивната куќа. Им ставивме влажни крпи, успеавме да ги извадиме. Потоа им дадовме таканаречени изолациони маски со флаширан кислород, кои вообичаено ги користиме при пожари во затворени простори, за да се вразумат. Беа во шок, се разбира. Децата плачеа. За жал, нивните автомобили изгореа, но успеавме да ги спасиме луѓето. Тоа е најважно“, раскажува тој.

Пожарот избувнал околу 11.15 часот, а Марио и тројцата негови колеги околу пладне пристигнале во Гребаштица. Опишаната драма со туристите се одвивала преку улицата од ресторанот „Стари Шибеник“, веднаш до Јадранската магистрала и само што успеале да ги спасат луѓето, забележале дека покривот на куќата во која биле сместени туристите е во оган.

„Тешко е, спасуваш луѓе, но веднаш се фрлаш да го изгасиш затоа што гори насекаде“, вели пожарникарот.

фото: Хрвоје Јелавиќ/PIXSELL

Поврзани новости