495
Адмир Ѓелмо, кој во најтешките моменти спасил неколку животи во Јабланица, за „Дневни аваз“ ја раскажал ситуацијата во која му било најтешко.
– Еден од најтешките моменти беше кога го извлекувавме тоа момче каде што неговите родители загинаа, за жал, на лице место. Го најдовме детето под тој ѕид, тој момент беше најтежок, низ што поминуваше тоа дете… Како што слушнавме понатаму, тоа момче се бори за живот, го однесоа во болница, момчето имаше седум-осум години – изјави Ѓелмо.
За потсетување дека според последните информации во Јабланица животот го загубиле најмалку 16 лица, а околу 40 се водат за исчезнати.