429
Универзитетскиот професор и поранешен пратеник Александар Спасеновски ниту ја потврди ниту ја негираше информацијата дека е еден од можните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.
– Мислам дека е рано за каков било одговор. И тогаш има голем број на непознати со изборот, со карактерот, дали ќе се разделат и со ставот дека маглата не се расчистила, рано е да се даде одговор. Дали би прифатиле? Во оваа фаза не би можел да дадам изјава – рече Спасеновски на ТВ 21.