По 25 дена од разорниот земјотрес во Турција, кој ср случи на 6 февруари, под уранатините во турскиот град Хатај беше спасено куче
Екипи на АФАД и други служби работеле на отстранување на урнатините во Антакија, Хатај, кога слушнале глас од под една од урнатините, по што следела потрага.
По успешната операција на екипите за пребарување и спасување, успешно е извлечено куче териер.
Утврдено е дека кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и така преживеало. По извлекувањето од под урнатините, кучето е пренесено во ветеринарна амбуланта.
При отстранување на урнатините, на истата локација е пронајдено и тело на лице за кое се претпоставува дека е сопственик на спасеното куче.
Во Турција и Сирија во земјотресите загинаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците објавени од агенцијата Франс прес.