2
Спасени се две лица чиј чамец се преврте денеска во Мавровското езеро. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов јави дека лицата се извлечени и се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.
Тој претходно објави дека двете лица од превртениот чамец успеале да го превртат и да вратат чамецот во нормална позиција, после што успеале да се вратат во него и очекуваат да бидат извлечени од Тигрите.
Тигрите на местото пристигнаа со полициски хеликоптер. Тие со чамец тргнаа кон двете лица кои, во тој момент се потпираа на нивниот превртен чамец.