Спасени најмалку 30 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Крит

by fokus

Најмалку 30 бегалци и мигранти, биле спасени источно од грчкиот остров Крит, откако потонал бродот во кој што се превезувале, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, во бродот во кој имало непознат број бегалци и мигранти, откако почнал да тоне, 12 наутички мили источно од Крит, еден од патниците побарал помош преку европскиот број за итни случаи и веднаш започнала спасувачката акција на грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Бродовите кои биле во близина, спасиле најмалку 30 лица, а силниот ветер дополнително ја отежнува спасувачката акција.

Поврзани новости