535
Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вила Принц на Караџица се извлечени во стабилна состојба со веројатни сршеници, предадени се на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје, соопшти ЦУК
Пред околу еден час на бројот 112 бил добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вила „Принц”.
Од страна на ЦУК, како што информираа, биле известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.