Спасени четворица од скијачите затрупани од лавина на швајцарските Алпи

by fokus

Спасувачките екипи успеаја да спасат четворица од групата скијачи, кои вчера беа затрупани при одрон на лавина во близина на шварцарскиот скијачки центар Кран Монтана.

Како што соопшти денеска полицијата на кантонот Вале, во кој се наоѓа ски-центарот, еден од спасените скијачи е во критична состојба, додека останатите тројца минале со полесни повреди.

Лавината се одронила во секторот на Плен-Морт, зафаќајќи површина во должина од околу 840 метри и во широчина од 100 метри.

Засега нема официјални информации колку лица се заглавени под лавината. Локалните медиуми објавија дека лавината затрупала од 10 до 12 лица, додавајќи дека таа бројка може да биде и поголема.

Во акцијата за потрага по затрупаните скијачи учествуваат над 240 лица и осум хеликоптери.

Според локалните власти, лавината се одронила поради растот на температурата на воздухот во текот на минатата недела, што предизвикало забрзано топење на снегот.

Поврзани новости