Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња од Катланово па, се до опасната локација на изгубените, пред манастирот Мала Богородица во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор, безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот.
Конкретно, четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), прво преку 112 во ЦУК, беа лоцирани и беа пронајдени и истите по исклучително стрмниот терен успеаја да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место пред манастирот Мала Богородица, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје – Велес, од каде што по земјен пат не можеа да се извлечат во текот на ноќта. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење.
Инаку Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец,.
Тимот спасители на вода од Велес, а со поддршка и на тим од припадници на САЕ „Тигар“ тргнаа од Катланово пловејќи по Пчиња во обид да се пробијат до местото каде што се наоѓаат лицата за да ги префрлат од другата страна на реката, околу триста до петстотини метри над манастирот Мала Богородица којшто се наоѓа во клисурата на Пчиња под самиот автопат.
Во реката спасителите наидоа на многу препреки, коишто мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце на некои места чамецот, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија. Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа да се помогне оптимално брзо.
Во време нешто по 02.00 по полноќ лицата беа безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.