482
Од водите на Вардар, во центарот на Скопје, две лица пред 14 часот денеска успеаја да спасат млада жена. При обидот за спасување жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката.
На местото на настанот пристигнаа возила на Брза помош, на Противпожарната единица и на полиција.
Пожарникарите прават обид да им помогнат на двајцата спасувачи и младата жена да ја поминат реката, бидејќи во моментов се наоѓаат на островче што е формирано во самата река.
ФОТО:МИА