Спасена жена која поминала дури 170 часа под урната зграда

by fokus

Тимовите за спасување во Турција не се откажуваат да ги спасат граѓаните кои останаа под урнатините по разорниот земјотрес на 6 февруари.

Медиумите јавиуваат дека се случило уште едно чудо, односно спасувачите извлекле жена која поминала дури 170 часа под урната зграда. По нејзиното спасување потргаргата продолжува и по други затрупани граѓани.

-40-годишна жена е спасена од урнатините во областа Ислахије во Газиантеп, јавуваат турските медиуми.

Вкупниот број на жртви во Турција и Сирија се искачи на 33.000.

Поврзани новости