Министерството за здравство се поправи во информациите што ги лиферуваше синоќа во јавноста по однос на случајот со деветгодишното дете за кое се пишуваше дека му е ампутирана раката по автобуската несреќа. На неговата рака е извршен оперативен зафат и му е поставен фиксатор откако било утврдено дека има посериозна повреда на надлактицата. Се уште се наоѓа на Детска хирургија, велат од Министерството.
Денеска министерот, Арбен Таравари, и директори на Клиниките каде беа примени повредените, ќе одржат прес конференција на која ќе соопштат детали за состојбата во која се наоѓаат пациентите.
Во меѓувреме од Министерството за внатрешни работи соопштиja дека во несреќата биле повредени сите 27 патници кои се превезувале во автобусот. Жената која им подлегна на повредите била на возраст од 68 години.