698
Кит-младенче кој заталкал во реката Темза во Лондон бил спасен благодарение на напорите на спасувачката екипа.
Китот кој вчера се појавил во реката Темза во западниот дел на Лондон не можел да се врати назад кон морето бидејќи се насукал, па спасувачката служба морала да интервенира.
Стотици луѓе се собрале да го видат китот долг од три до четири метри. Китот на моменти изгледал безживотно, но сепак успеа да преживее. Спасувачите полека и внимателно успеале да го ослободат и со помош на гумен чамец го извлекоа и му овозможија слободно да исплива.
Експертите утврдиле дека китот не бил во добра состојба бидејќи бил недохранет, а забележано е оштетување на перките откако се нашол во реката во безизлезна ситуација.