Спалети: Сакаме да победиме против Македонија, сите против нас се екстра мотивирани!

by Fokus

Лучано Спалети – селекторот на италијанската фудбалска репрезентација на прес-конференција во пресрет на дуелот со Македонија в петок во Рим, рече дека посакуваат три бода, за да си ја олеснат работата за последниот меч, гостувањето кај Украина на неутрален терен во Леверкузен.

Ако Италијанците победат против Македонија, тогаш им одговара и реми против Украина за пласман на ЕП.

Сепак, ако Италијанците во Рим одиграат нерешено или победа Македонија, тогаш ќе мора да ја совладаат Украина за да играат на ЕП 2024.

„Фокусирани сме само на првиот меч. Сакаме да победиме, што би ни ја олеснило задачата за последното коло. Секој што игра против Италија, се плаши по малку од нас, а истотака се и екстра мотивирани кога играат против нас. Имобиле не го викнав затоа што другите тројца напаѓачи се во подобра форма во моментов, иако Чиро даде гол во Лигата на шампионите, му го кажав тоа“ – изјави Спалети.

За средбата со Македонија отпадна и Мануел Локатели од Јувентус.

Поврзани новости