СП2022: Прво осминафинале за Мароко по пауза од 36 години 

by Fokus

Мароко со пласманот во осминафиналето на Светското првенство во Катар го повтори успехот на кој чекаше 36 години. 

Мароко, која е прва африканска земја која минала групна фаза на светските првенства, и тоа на Мундијалот во Шпанија во 1986 година, го продолжува натпреварувањето во Катар како првопласирана во групата Ф. 

Мароканците вечерва ја совладаа Канада со 2-1 и за противник во осминафиналето, на 6 декември, ќе ја имаат второпласираната репрезентацијата во групата Е во која вечерва играат Шпанија – Јапонија и Германија – Костарика. 

Шпанија води во оваа група со 4 бодови, пред Јапонија (3), Костарика (3) и Германија (1). 

Поврзани новости