СП2022: Полскиот премиер се повлече од намерата за бонуси за фудбалерите

by Fokus

Соочен со растечката инфлација и тешката економска состојба во земјата, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, денеска се повлече од својата првична изјава да им биде доделен бонус на фудбалските репрезентативци за остварениот резултат на Светското првенство во Катар.

Станува збор за неочекуван пресврт бидејќи премиерот отстапи од намерата само неколку часови откако изјави дека полските фудбалери заслужуваат бонус за пласманот во нокаут фазата на мундијалот во Катар. Последен пат Полска избори место во осминафиналето на светските првенства пред 36 години.

Поттикнат од растот на инфлацијата и тешките услови за живот на граѓаните, Моравјецки преку социјалните мрежи објави дека „нема да има пари од буџетот“ за бонуси за фудбалерите.

На испраќањето на полската репрезентација на мундијалот во Катар, премиерот Моравјецки им вети на фудбалерите „многу добра награда“ доколку работите се одвиваат во посакуван правец. Медиумите тогаш шпекулираа дека на состанокот се зборувало за парична награда од најмалку 6.7 милиони долари.

Поврзани новости