СП2022: Кинезите гневни поради неносење заштитни маски во Катар

by Fokus

Телевизиските снимки од Светското првенство во Катар на кои можат да се видат навивачи без заштитни маски на лицата предизвикаа гнев кај дел од кинескиот народ, кој сè уште е подложен на нулта толеранција на Ковид-19, додека остатокот од светот живее со коронавирусот.

– Некои посетуваат натпревари на Светското првенство без маски, а други се затворени во своите домови еден месец и не можат да излезат надвор, реагира жител на Гвангдонг на социјалната мрежа Weibo, која е кинески еквивалент на Твитер.

– Кој ми го украде животот? Нема да коментирам, додава авторот на реакцијата поради немилосрдниот пристап на кинеските власти во ограничување на ширењето на ковид заразата.

Кина, во која беше откриен првиот случај на Ковид-19, кон крајот на 2019 година, е последната голема економија во светот која сè уште се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот преку затворање цели населени места и наметнување задолжителни тестови за милиони луѓе.

И покрај рестриктивните мерки, бројот на дневни случаи денеска во Кина достигна 29.157, што е близу до националниот рекорд од април оваа година

Поврзани новости