Студентскиот пленум на својата страница објави куса реакција на најавата на премиерот Никола Груевски дека ќе се воведе бесплатен превоз за студентите од државните универзитети.
-Ја поздравуваме реформата (бесплатен автобуски превоз за студенти) за која беа потребни 10 години да се донесе… Сосем случајно пред избори. Никола, да те потсетиме дека ние сме студенти, а не овци!, пишува на страницата на Студентскиот пленум.
Премиерот Никола Груевски денешното обраќање на свечената академија по повод утрешниот празник Свети Климент Охридски го искористи за да промовира два нови проекти на Владата. Едниот од нив е обезбедување бесплатен превоз за студентите од државните универзитети, а вториот средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.