378
Носечката парола на сите активности организирани од државата по повод чествувањето на Денот на Републиката во својата основа ја носи идејата на соживотот. Лајтмотивот, како што велат од Владата, е инспириран од Крушевскиот манифест.
„Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедување. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“, под овие зборови државните функционери денеска ќе се поклонат пред симболите на празникот.
Централниот настан за одбележување на годишнината од Илинденското востание ќе биде на Мечкин Камен во Крушево. На пладне ќе отпочне големиот Народен собир, а програмата ќе ја отвори пристигнувањето и поздравот на коњаницата.