Националниот совет за безбедност утре напладне ќе се состане во кабинетот на претседателот на државата, соопштија попладнево од прес- службата на претседателот Стево Пендаровски.
Седницата, како што се вели, ќе виде посветена на лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
На 30 август, преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.
Директорот на Агенцијата Виктор Димовски, во интервју за МИА, изјави дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ги презема неопходните мерки и оперативни активности за организирано и безбедно прифаќање цивилно население од Авганистан, како и за навремено превенирање и спречување од можни закани и ризици.
Според него, целта на пласирањето лажни вести и дезинформации, кои внесуваат страв и паника кај граѓаните, е да разгорат национализам и да се предизвика дестабилизација. Сепак, вели тој, ваквите активности и повици не наидуваат на очекуваниот одѕив, што зборува за зрелоста на нашите граѓани и нивната емпатија и солидарност.
Претходно од Владата соопштија дека во Мкедонија ќебдат згрижен 780 бегалци од Авганистан, за кои е обезбедено сместување на периферијата на Скопје.
Трошоците за престојот на бегалците ќе ги покријат соодветните организации и Соединетите Американски Држави, а ќе имаат дозвола за времен престој од 90 дена.