Советот за безбедност на ОН конечно ја усвои резолуцијата и повика на итни хуманитарни паузи на Газа

by fokus

Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуцијата предложена од Малта со која се повикува на „итни и продолжени хуманитарни паузи и коридори низ Појасот Газа за доволен број денови“.

За резолуцијата гласаа 12 членки, а постојаните три членки беа воздржани – САД, Велика Британија и Русија.

Резолуцијата, исто така, повикува на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и другите групи.

Исто така, се бара од сите страни да се придржуваат до нивните обврски според меѓународното право и повикот на генералниот секретар на ОН за следење и известување за неговото спроведување.

Инаку, во октомври Советот за безбедност не успеа четири пати да донесе резолуции со кои се бара прекин на огнот или хуманитарни прекини.

Поврзани новости