517
Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19.
На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.