388
Советот за безбедност при Обединетите нации денеска усвои резолуција чија цел е да се запре финансирањето на Исламската држава преку нафта, антиквитети и заложници. Лидерите на Европската унија дебатираа и за антитерористички мерки кои би биле прифатливи за сите 28 земји.
Со оваа резолуција се настојува да се запре трговската размена со ресурси од воено-растргнатата Сирија и се предвидуваат санкции за сите коишто нема да ја почитуваат резолуцијата.
Резолуцијата ја поднесе Русија, која воедно е и сојузник на режимот во Сирија ,а беше поддржана од 37 држави.
Резолуцијата му дозволува на Советот за безбедност да користи економски санкции, но не и употреба на воена сила.