575
Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва усвои резолуција со која се бара „брзо и безбедно отворање“ на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул по повлекувањето на САД од Авганистан.
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција доставена до Советот на САД, Франција и Обединетото Кралство, со која се бара Авганистанците и сите странци во земјата да можат безбедно да ја напуштат земјата по копно или воздух. Тринаесет земји ја поддржаа резолуцијата, додека Русија и Кина беа воздржани.
„Мора да се стори сé за да се осигура дека аеродромот во Кабул и неговата околина ќе се отвораат во најбрз можен рок и безбедно“, се вели во резолуцијата.