Советот за безбедност ако треба ќе се состанува и повеќе пати на ден

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски по завршување на Советот за безбедност рече дека Советот по потреба ќе се состанува секој ден, ако треба и повеќе пати на ден, во согласност на проценките и препораките на Министерството за здравство.

-Заклучокот за Центар Жупа и Дебар е дека имаме одлична соработка на терен меѓу надлежните министерствата, но и одлична соработка со локалната самоуправа. Посебно признание треба да им се даде на граѓаните на овие општини.
Заклучокот во однос на целокупната ситуација и за можната проценка за ширење е дека поставеноста на државата е соодветна и адекватна, за што зборуваат и оценките на СЗО кои тврдат дека ние сме државата која најдоследно ги имплеметира мерките во поширокиот регион.
Советот за безбедност по потреба ќе се состанува и секој ден, ако треба и повеќе пати на ден. Вечерва и Владата ќе одржи седница на која не се исклучува можноста да биде донесен и нов сет на мерки за превенција, рече Пендаровски.

Поврзани новости