Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

by Fokus

Членовите на Советот на општина Василево дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение во општинските основни училишта.

-Деновиве во тек е анкетата со родителите на учениците кои се изјаснуваат каков вид на настава да посетуваат нивните деца и според досегашните резултати најголем број ја поддржале опцијата за физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата, информираат од Општината.

Во двете основни општински училишта во учебната 2020/2021 година, во ООУ „Атанас Нивичански“ во село Нова Маала и  ООУ „Гоце Делчев“ во општинскиот центар Василево, настава треба да посетуваат вкупно 1.058 ученици, од кои 109 се првачиња.

Поврзани новости