Советниците од Општина Струга не ја поддржаа иницијативата на Алијанса на Албанците, Беса и ВМРО ДПМНЕ да се донесе декларација со која се бараше Советот да се дистанцира од стручкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој Американскиот Стејт Департмет беше прголасен за персона нон грата, поради корупција и мешање во судски одлуки. Против иницијативата беа советниците од ДУИ И СДСМ, а опозицијата која бараше Советот да се огради од Мерко потоа ја напушти седницата.
„Изјавуваме дека граѓаните на Струга преку нашите политички преставници во Советот на општината Струга на ниеден начин и услов не се инволвирани во значителна корупција, злоупотреба на јавни фондови, мешање во судски и други јавни постапки и оштетување на довербата на јавноста во демократските институции и функционери во државата за што е обвинет градоначалникот Рамиз Мерко од Стејт Департментот на САД и дека ние граѓаните на Струга се оградуваме од вакви и други девијантни дејствија на градоначалникот“, пишува во Декларацијата.
Советниците од опозицијата во Советот на Општина Струга го повикаа Мерко, веднаш да поднесе оставка од функцијата градоначалник на Струга, со единствена цел надлежните институции самостојно и без притисок да ја вршат својата истражна дејност.
Поддршка за декларацијата дадоа од Беса и ВМРО ДПМНЕ кои побараа итна реакција на надлежните институции.
Декларацијата ќе биде проследена до сите релевантни институции за спроведување на законот во земјава, како и до амбасадите на САД, Велика Британија и ЕУ.