Советот на јавни обвинители ќе расправа за разрешување на Јанева

by fokus

Во Советот на јавни обвинители, во просторијата каде што обвинителката Катица Јанева некогаш даваше свечена заклетва, денеска ќе се расправа дали ќе се почне постапка за нејзино разрешување.

-Денеска ќе почне расправата, ќе видиме дали има елементи за разрешување на Јанева или можеби ќе нема согласност за тоа. Ако одлучиме дека се разрешува, се изготвува Извештај кој го праќаме до Собранието, вели претседателот на Советот на Јавни обвинители, Коле Штерјев.

Мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а таа поднесе оставка од функцијата која требаше да се активира по избор на нејзин наследник.

Поврзани новости