Советот на јавни обвинители на денешната седница треба да одлучува дали предметот „Пуч“ ќе и биде даден на Катица Јанева.
Јанева го побара предметот со цел целосно да се утврдат фактите откако се откажа од кривично гонење на петтемина обвинети во „Пуч“, меѓу кои и премиерот Зоран Заев.
Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Минатата недела Советот, наместо на Јанева, предметот „Сопот“ му го даде на Обвинителството за организиран криминал и корупција тоа да одлучи дали ќе му го даде на СЈО.