904
Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска која на научна конференција кажа дека членови на Советот на јавни обвинители тргуваат со влијание.
На денешната седница тие расправале за изјавата и донеле ваква одлука поради прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс.
Ова за Фокус го потврди и претседателот на Советот, Антонио Јолевски.
Според членот 10 обвинителите нема да ги коментираат одлуките на Советот и уште многу други ограничувања за обвинителите.
Ф.Ф.С.