Советот на Град Скопје со заклучок: Да продолжат преговорите со Владата за нормализирање на јавниот превоз

by Fokus

Со 29 гласа „за“ советниците во Град Скопје, на денешната вонредна седница, усвоија заклучок со кој предлагаат поддршката од Владата за ЈСП „Скопје“ да може редовно и нормално да функционира и да ја обавува дејноста за кое е основано претпријатието, да продолжи и во иднина.

Во заклучокот, за кој на седницата беше постигнат консензус од координаторите на советничките групи, се предлага и заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да продолжат разговорите со Град Скопје и јавните претпријатија за нормализирање на состојбите.

Усвојувањето на овој заклучок следеше по двочасовната расправа во која имаше пофалби за владината одлука и партиски препукувања.

Градоначалничката Данела Арсовска ја поздрави одлуката на Владата и премиерот со која се овозможува на градските власти да им се дадат на заем дел од државните нафтени резерви. Таа рече дека кризата во ЈСП, не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

Поврзани новости