Советот на Град Скопје на седница изгласа повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината за 470 вработени во градската администрација.
Членовите на Советот го прифатија амандманот за зголемување на платите предложен од советничката група на СДСМ во рамките на ребалансот на буџетот и покрај противењето на секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров.
Според одлуката за ребалансот, се одземаат 12 милиони денари предвидени првично за привремени вработувања и тие ќе се префрлат во ставката основни плати.
Советникот Малиша Станковиќ, од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – СПМ, рече дека овој амандман е популистички и дека поголема плата ќе добијат само оние кои влегуваат во општиот колективен договор, а тоа би биле само 10 отсто од вработените.
Од СДСМ пак рекоа дека амандманот ќе подлежи на соодветна правно-финансиска анализа.
Советот на Скопје на вчера одржаната седница изгласа ребаланс на буџетот, кој сега е зголемен за повеќе од 400 милиони денари.