597
Советот на Европската унија вчера изгласа санкции за исклучување на некои руски банки од системот СВИФТ, се наведува на официјалниот Твитер профил на француското претседателство со Советот на ЕУ.
Состанокот на амбасадорите на земјите-членки на Унијата резултираше и со гласање за забраната за емитување на руските медиуми Спутник и РТ во Европската унија.
Европската унија, САД, Франција, Германија, Италија, Канада и Велика Британија во саботата се согласија да осигураат дека одредени руски банки ќе бидат отстранети од СВИФТ за да им нанесат штета на нивната способност за глобално работење.