692
Советот на ЕУ вечерва и официјално одобри да почнат пристапните преговори со Македонија и Албанија и ги одобри преговарачките рамки за двете држави.
Ова го објави чешкиот премиер, Петр Фиала, чија земја во моментов е претседавач со ЕУ. Тој додаде дека ова е одличен успех на чешкото претседателство кое значи доближување на Западниот Балкан до ЕУ.
Фиала му се заблагодари и на францускиот претседател Емануел Макрон, за кој како што рече, одиграл клучна улога во овој успех.