Советот на амбасадори: Со голема тага ја примивме веста за смртта на Зафир Хаџиманов

by fokus

Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливиот стил и талент, каде и да се појавеше, во Македонија, Србија, Хрватска, секаде низ регионот и пошироко, се вели во соопштението на Советот на амбасадори.

-Советот на амбасадори со гордост го познаваше и како културен амбасадор на нашата земја и го почитуваше како сјаен претставник на македонската култура, кој што ги промовираше нашите културни вредности особено и преку неговите квалитети како писател кој твореше и размислуваше на два јазика, на мајчниот македонски и на неговиот извонреден српски јазик.

Советот го дел сеопштото мислење дека со неговото заминување од културната и естрадната сцена, останува празнина во ризницата на македонската култура, како и во нашите срца!, се наведува во соопштението.

Поврзани новости