173
Советниците од ДУИ одбиле денес да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи биле напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.
Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата.
Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје, Марија Мошев.
ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН.