107
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.
Оттаму велат дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит.
„Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро.
По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива“ велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.