Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид не овозможија да се донира за Сара, а дебатираа за оштетените ресторани од невремето

by Fokus

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид денеска не дадоа помош за Сара Настоска која треба да се лекува во странство, откако на дневен ред денеска беше оваа точка, пренесува Охрид 1

Повеќемината од советниците не се согласија да се постави точка за доделување од 1 милион денари за помош за лекување на 15-годишното девојче од Охрид.

Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невремето

Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невреметоСоветот на Општина Охрид денес не ги изгласа предложените измени на дневниот ред со кој требаше од дневен ред да се симне точката за прифаќање на елаборатите за нанесени штети на платформите на рестораните и кафетериите во невремето, и не се согласија на дневен ред да се постави точка за доделување 1 милион денари за помош за лекување на Сара Настоска од Охрид.Градоначалникот Јован Стојаноски појасна дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано по оваа точка, а за гласаа само советници од етничките заедници.Од друга страна рестораните и кафетериите претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета.Угостителските објекти во Охрид претставуваат мини индустрија која вработува голем број луѓе, а давачките кои ги имаат кон градот и државата се повеќекратни и по разни основи, од данок до разно разни комунални такси.

Publiée par Ohrid 1 sur Mardi 30 octobre 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски истакна дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.

Од друга страна рестораните и кафетериите претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета.

Поврзани новости