674
-После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од утрово, по насоки на епидемиолозите сум во самоизолација до 12 Јуни. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје, напиша Битиќи.