Советникот на ГРОМ ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

by Fokus

Советникот Марјан Каранфиловиќ од партијата ГРОМ, на последната седница на Советот на Општина Куманово објави дека не е повеќе  дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Куманово њуз.

Согласно одлуката на Централниот одбор на ГРОМ ве известувам дека повеќе не сум член на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но независно од тоа сите предлог-одлуки, кои ќе бидат во интерес на граѓаните ќе бидат подржани од моја страна“, кажа Каранфиловиќ од говорницата на почетокот на седницата.

Тој на локалните избори беше на 6 место како предлог на ГРОМ на листата на советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

По ваквиот развој на настаните во Советот, СДСМ има 10 советника, „За наше Куманово“ 8, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 6, ДУИ 4, Алијансата на Албанците и Алтернавива двајца, Беса, Левица и ГРОМ по еден.

Владеачкото мнозинство во Советот има 18 советника.

Поврзани новости