114
Топлото време често значи поголем ризик од болести поврзани со топлина, повеќе активности на отворено и повеќе убоди од инсекти.
Институтот за јавно здравје објави неколку совети за справување и заштита од топлото време.
УХМР најавува дека Македонија до средина на следната недела ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе достигнат и над 40 степени.
Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.