Совет на амбасадори: Насилните испади ги рушат добрососедските односи меѓу С. Македонија и Бугарија

by Fokus

„Советот на амбасадори со длабоко жалење ја прими веста за бруталниот физички напад врз Христијан Пендиков, македонски државјанин со бугарска етничка самосвест инаку секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид направен на 19 јануари од страна тројца охриѓани“ се вели меѓудругото во соопштението од Советот на амбасадри.

Оттаму го осудуваат таквиот, како што велат, „варварски чин и воопшто насилството како начин решавање на недоразбирањата помеѓу граѓаните независно од нивната етничка и верска или политичка припадност“.

„Советот смета дека овој настан ја вознемири домашната јавност, но и јавноста во соседна Бугарија, која со право го протолкува настанот како „антиевропски“ и „антибугарски“ испад.

Советот на амбасадори смета дека со таквите насилни испади се рушат добрососедските односи помеѓу двете соседни држави, Северна Македонија и Бугарија, духот на мирот и соработката во регионот, но и репутацијата на нашата држава како мирна и пријателска држава и кандидат за членството во Европската Унија“ се вели во соопштението од Советот на амбасадори.

Оттаму бараат „надлежните судски органи најитно да го процесуираат судкиот процес и виновниците да добијат заслужени казни“.

Од Советот го поздравуваат гестот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи заедно со неговиот бугарски колега, Николај Милков да го посетат повредениот Христијан Пендиков и да му пружат морална и охрабрувачка поддршка, како и да му се гарантира неговата безбедност во матичната земја.

Поврзани новости