„Совет на амбасадори“: Кампањата за избори е почната предвреме, веднаш да престане

by Fokus

Здружението за меѓународна политика „Совет на амбасадори” смета дека прерано е започната кампањата за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април 2020 година и апелира без натамошно одложување таа да престане.

Одржувањето секојдневни митинзи и говори на лидерите на политичките партии во овој период, може да придонесе кон зголемување на политичката конфронтација во општеството и дополнително да ги продлабочи општествените поделби.

– Оттаму Советот на Амбасадори смета дека партиите треба да престанат со одржувањето митинзи и говори се до официјалниот почеток на изборната кампања, во март следната година. Политичките партии и лидери треба својата енергија во овој период да ја насочат кон спроведување на потребните реформи за осварување на стратешките цели на земјата, како што се членството во НАТО и добивањето датум за започнување преговори за членство во ЕУ, се вели во соопштението од Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори”.

Советот на Амбасадори смета дека е време ефективно да се искористи подршката од САД и одземјите-членки на ЕУ за интензивирање на реформите и соработката со соседите, со цел веднаш подобивањето датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ да се затвораат поглавјата со што побрза динамика.

Поврзани новости