Советот на амбасадори смета дека од неопходно е да се прифати европскиот компромис, бидејќи, велат од таму, тоа е важен чекор кој ќе ја приближи Северна Македонија кон членство кон ЕУ.
„Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на која било страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „францускиот предлог“ се зацементирани и гарантирани македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ“, велат од Советот на амбасадори.
Во дописот велат дека се убедени оти ЕУ и нејзините институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигнатиот компромис.