Социјалци со тужби ќе си ги бараат ветените станови

by fokus

Неколку социјално загрозени прилепски семејства тврдат дека нерегуларно се одбиени од конечната листа корисници на социјални станови под закуп во населбата Точила, а на нивно место се вдомени граѓани, членови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои се во подобра социјална состојба.

Во интервју за ЦИВИЛ, тие информираа дека веќе поднеле тужби до Министерството за транспорт и врски, затоа што се сомневаат во исправноста на софтверската апликација за електронска распределба на социјални станови под закуп, изградени согласно владината Програма за социјални станови.

Тужбите се доставени до Управниот суд, а во нив се бара да се изврши вештачење, Министерството да ги презентира договорот и лиценцата за користење на софтверската апликација.

На социјално загрозените граѓани им е нејасно, како може согласно Методологијата за бодирање на кандидатите, дел од нив да не бидат, дури ниту на прелиминарната листа.

Инаку, за злоупотреба со социјалните станови денеска обвинија и од опозицискиот СДСМ. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак веднаш демантираа, објаснувајќи дека опозицијата сакала на грбот на ранливите групи на граѓани да добие само политички поени.

Поврзани новости